| четврток, 6 декември 2018 |

Тетово се гуши: ПМ10 утринава е високи 165 милиграми на метар кубен! (галерија)

Жителите на Тетово и денес се гушат во загадениот воздух. Како што може да се види од фотографиите во продолжение градот буквално е проголтан од загадениот воздух и не се гледа.

Нивото на ПМ10 утринава вечерва во Тетово изнесува високи 165 милиграми на метар кубен.

Ситуацијата е слична и во Скопје и Битола. И додека граѓаните се гушат во канцерогениот воздух, актуелната власт која 10 години ја обвинуваше претходната власт околу воздухот со цел да придобие политички поени, сега истите тие се кријат од одговорност и никаде ги нема.

Илјадници луѓе секојдневно се трујат поради неспособноста на властите да се справат со проблемот со загадениот воздух. Човечки животи се губат поради неспособноста на властите да се справат со загадениот воздух. ПМ 10 честитичките се најсериозниот убиец на здравјето на граѓаните.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top