Двонасочната улица „Јуриј Гагарин“ во Карпош е претворена во паркиралиште. Од неа ниту може да се влезе ниту да се излезе со дозволената брзина. Најлошо е, коментираат жителите на овој дел од Карпош, во работните денови, иако и за викендите се случува возилата да им останат заробени од несовесни возачи кои „ќе се тргнат за 5 минути“.
-Паркираат од двете страни на улицата, па често се случува да се создаде метеж и по 20 минути да не можеме да се разминеме. Улицата не е паркиралиште, но овде пајак не поминал којзнае од кога, коментира жител на улицата, кој во петокот задоцнил на работа, затоа што возилото му било блокирано цел час.
Оваа улица е под надлежност на општина Карпош.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Последни
-
Сензационално: Северина се разведува од Игор, поради познатата водителка!
-
Фатална сообраќајка кај Струмица: Со „Корса“ излетал од патот, загинал на лице место
-
Шон Пен во Истанбул: Ќе снима документарец за убиениот новинар Џамал Кашоги (видео)
-
Димитров: Зборовите „нација со комплекс“ се извадени од контекст