| четврток, 6 декември 2018 |

Колони камиони и автомобили на „Табановце“, се чека повеќе од половина час

 

Колони камиони и автомобили утринава чекаат на граничниот премин „Табановце“. Според информациите од терен, за премин на границата за излез се чека половина час.

Од АМСМ информираат дека на магистралниот пат А2, делница Струга – Граничен премин „Ќафасан“ денеска од 14 часот започнува измената на возниот режим за сообраќај, а ќе трае до завршување на градежните работи. Проодноста ќе биде обележана со вертикална и хоризонтална сигнализација.

Сообраќајот на државните патишта се одвива по претежно суви коловози.

Влажни коловози се бележат на повисоките планински и осојничави места.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top