Полицијата потврди дека е пронајдено телото на 52-годишната Снежана Тројачанец од Скопје, која беше пријавена за исчезната пред два дена.
Како што информира денеска МВР, вчера околу 13 часот во Единицата за информации и команда Скопје било пријавено дека во близина на улица „Скупи“, на местото каде што реката Серава се влева во реката Вардар, во водата било забележано тело на непознато женско лице.
Екипа на Итна медицинската помош констатирала смрт, а по извршениот увид било утврдено дека се работи за исчезнатата Тројачанец.
По наредба на Јавен обвинител телото на починатата било предадено на обдукција.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Последни
-
Сензационално: Северина се разведува од Игор, поради познатата водителка!
-
Фатална сообраќајка кај Струмица: Со „Корса“ излетал од патот, загинал на лице место
-
Шон Пен во Истанбул: Ќе снима документарец за убиениот новинар Џамал Кашоги (видео)
-
Димитров: Зборовите „нација со комплекс“ се извадени од контекст