Италијанската полиција го уапси 27-годишниот Матија дел Зото под сомнение дека се обидел да го отруе целото свое семејство со талиум, отров што се користи за убивање глодари, како глувци и стаорци.
Тој успеал да ги усмрти бабата, дедото и тетката, а пет други членови на неговото семејство се пренесени во болница.
Обвинителството соопшти дека Дел Зото го признал делото откако полицијата извршила претрес на неговата куќа во Милано и ги нашла рецептите за талиум, мешавина без боја, мирис и вкус што е екстремно токсична.
Италијанските медиуми со недели шпекулираа околу мистериозните смртни случаи на труење откако беа најдени траги од талиум во чајот што го пиеле членовите на семејството.
Бабата и дедото се разболеле кон крајот на летото, а починале во октомври.
Не е познато дали Матија дел Зото имал психички проблеми, но членови на семејството велат дека во последно време станал многу повлечен.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.