Апелациониот суд донесе одлуука и ги потврди притворите на режисерот Борис Дамовски, актерот Владо Јовановски и Горан Ѓошевски некогашниот шеф на обезбедувањето на Трајко Вељаноски.
Информацијта предмалку ја потврдија од скопска апелација за тв 24. Денеска беше одржана јавна седница на која нивните адвокати бараа укинување на притворот и одредување на послаба мерка или куќен притвор затоа што биле угледни луѓе и без прекршоци, а камо ли вакво кривично дело.
Владо Јовановски и режисерот Борис Дамовски прво добија куќен притвор а потоа кривичниот совет им ја преиначи мерката во ефективен притвор. Инаку. во истражниот затвор Шутка од вчера има 25 притворени за терористичко загрозување на уставниот поредок, а меѓу нив се и тројца пратеници Сашо Василевски, Крсто Мукоски и Љубен Арнаудов.
Џиков: Притворот е казна
Ставре Џиков, адвокатот на актерот Владо Јовановски, кој е во притвор поради случувањата во Собранието на 27 април, на седницата на Апелациониот суд во Скопје рече дека денеска бил во посета во Истражниот затвор „Скопје“.
„Притворот е казна“, рече тој и побара поблага мерка од мерката притвор, т.е. куќен притвор, со што смета дека ќе се осигури неговото присуство во целиот тек на постапката.
Според него, станува збор за јавна личност што претходно не била осудувана и која нема лош углед.
Обвинителот од Вишото јавно обвинителство, Момир Маричиќ, рече дека останува на барањето за притворот.
Апелациониот суд на јавни седници расправа по жалбите на петтемина обвинети за настаните од 27 април на кои Кривичниот совет им го замени куќниот притвор со притвор.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Последни
-
Сензационално: Северина се разведува од Игор, поради познатата водителка!
-
Фатална сообраќајка кај Струмица: Со „Корса“ излетал од патот, загинал на лице место
-
Шон Пен во Истанбул: Ќе снима документарец за убиениот новинар Џамал Кашоги (видео)
-
Димитров: Зборовите „нација со комплекс“ се извадени од контекст