Република Македонија, продолжува економски да осиромашувa. Денес Државниот завод за статистика повторно ја потврди лошата економска политика на СДСМ, пишува генералниот секретар на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски.
– Имено според официјалните податоци, БДП во Q3/2017 година забележал раст од минимални 0,2%, со што за првите три квартали растот (падот) изнесува -0,4%. Но уште повеќе загрижува структурата на растот на БДП. Имено во Q3/2017 година, бруто инвестициите забележале намалување од огромни 9,5%. Ваквиот податок укажува на процес на дезинвестирање односно укажува дека лошите економски показатели ќе продолжат и во наредниот период. Индустријата забележува пад од 5,8%, а градежништвото забавува со огромни 12% пред се како резултат на закочените инфраструктурни проекти и намалените капитални инвестиции. Навистина сите економски параметри се загрижувачки, пишува Мицкоски на Фејсбук.
Тој додава дека единствена светла точка во нашата економија се претпријатијата во слободните економски зони, од каде извозот постојано расте.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Мицкоски: Ах, Устав ли е, принцип ли е, Вице ли е?
-
Мицкоски: Заев се фалеше дека странските инвестиции ќе растат, НБРМ констатира минусно салдо и одлив на инвестиции
-
На претседателските избори ќе го поразиме СДСМ, порача Мицкоски од Гостивар
-
Мицкоски нема да му одговори на Мијалков, тоа се внатрепартиски работи