| четврток, 6 декември 2018 |

„Но­ви­от џи­хад“ раз­го­ру­ва вер­ска вој­на во Евро­па

Man-with-bloodied-hands-at-Woolwich-scene-1905125Ис­ла­ми­стич­ки­от ек­стре­ми­зам за­гри­жу­вач­ки се ши­ри низ за­пад­на Евро­па, а тоа нај­сил­но го чув­ству­ва­ат Ве­ли­ка Бри­та­ни­ја, Фран­ци­ја и Швед­ска. По­ле­ка, но си­гур­но иде­о­ло­ги­ја­та за при­ме­на на на­силс­тво во од­бра­на на ре­ли­ги­ја­та ста­ну­ва до­ми­нан­тен иди­ом во мус­ли­ман­ски­те за­ед­ни­ци, до­де­ка раз­ви­е­ни­те де­мо­кра­тии ба­ра­ат на­чин ка­ко да го за­шти­тат на­се­ле­ни­е­то од сѐ по­на­сил­ни­те ими­гран­ти. Сѐ по­че­сти­те по­е­ди­неч­ни те­ро­ри­стич­ки на­па­ди, кои се вр­шат под пре­ве­зот на све­та вој­на, ги до­ве­ду­ва­ат овие оп­штес­тва до раб на раз­го­ру­ва­ње по­го­ле­ми конф­ли­кти ме­ѓу мус­ли­ман­ско­то и не­мус­ли­ман­ско­то на­се­ле­ние.

 Во мај во Бри­та­ни­ја за­гри­жу­вач­ки еруп­ти­ра­ше при­кри­е­на­та ис­ла­мо­фо­би­ја по бру­тал­но­то убис­тво на вој­ник сре­де Лон­дон. Со де­но­ви не се сми­ру­ва­ат ан­ти­мус­ли­ман­ски­те про­те­сти на ул­тра­на­ци­о­на­ли­сти­те кои ба­ра­ат од­маз­да, цел на на­па­ди се слу­чај­ни ми­ну­ва­чи од мус­ли­ман­ска ве­ро­ис­по­вед и џа­ми­и­те низ остро­вот. Ули­ци­те на Лон­дон ври­јат од ул­тра­на­ци­о­на­ли­сти и чле­но­ви на ЕДЛ, кои твр­дат де­ка ис­лам­ски­те за­ко­ни го тру­јат бри­тан­ско­то оп­штес­тво и ги по­ви­ку­ва­ат Бри­тан­ци­те со на­силс­тво да го спре­чат про­до­рот на ис­ла­мот во оваа остров­ска зем­ја.

– Ако не ус­пе­е­ме да по­ка­же­ме хра­брост се­га, ќе ја оста­ви­ме ре­во­лу­ци­ја­та, гра­ѓан­ска­та вој­на или пот­чи­ну­ва­ње­то на на­ши­те де­ца и на де­ца­та на на­ши­те де­ца. На се­кој чин на мус­ли­ман­ски ек­стре­ми­зам од се­га ќе сле­ду­ва про­ти­ву­дар од ЕДЛ – се за­ка­ни­ја на­ци­о­на­ли­сти­те пре­ку со­ци­јал­ни­те мре­жи.

Far-right jihad.jpg1

Стра­вот од од­маз­да се чув­ству­ва и ме­ѓу вер­ни­ци­те во мус­ли­ман­ски­те вер­ски об­је­кти, а мус­ли­ма­ни­те во Бри­та­ни­ја се­којд­нев­но се жа­лат де­ка се из­ло­же­ни на вер­бал­ни и на фи­зич­ки на­па­ди од слу­чај­ни ми­ну­ва­чи. „СОС те­ле­фо­нот за мус­ли­ма­ни“ во пр­ви­те 48 ча­са по убис­тво­то на вој­ни­кот ми­на­та­та не­де­ла до­бил 162 при­ја­ви за на­вре­ди и за фи­зич­ки на­па­ди.

Во исто вре­ме, бри­тан­ски­те вла­сти ко­па­ат по се­ка­ква тра­га што мо­же да до­ве­де до но­ви по­тен­ци­јал­ни те­ро­ри­стич­ки на­па­ди. Бри­тан­ски­от пре­ми­ер Деј­вид Ка­ме­рон на­ре­ди да се фор­ми­ра спе­ци­јал­на еди­ни­ца што ќе би­де под не­го­ва ко­ман­да и ќе ги сле­ди ек­стре­ми­стич­ки­те гру­пи во зем­ја­та. Бри­тан­ски­те за­ко­но­дав­ци под­го­тву­ва­ат и за­кон­ски из­ме­ни кои ќе им да­дат од­вр­за­ни ра­це на без­бед­нос­ни­те служ­би во бор­ба­та про­тив до­маш­ни­от те­ро­ри­зам. Со но­ви­те без­бед­нос­ни мер­ки, со кои тре­ба да се за­уз­да ши­ре­ње­то на на­сил­на­та ис­ла­ми­стич­ка иде­о­ло­ги­ја, се пред­ви­ду­ва­ат и за­бра­ни за дејс­тву­ва­ње на ра­ди­кал­ни гру­пи кои „кре­и­ра­ат омра­за“ иа­ко не пре­диз­ви­ка­ле на­силс­тва. Служ­би­те пре­ду­пре­ду­ва­ат де­ка има ил­јад­ни­ци вер­ни­ци што се из­ло­же­ни на ри­зик да би­дат ра­ди­ка­ли­зи­ра­ни по­ра­ди што мо­ра да би­дат пре­зе­ме­ни мер­ки да се спре­чат си­те на­чи­ни за про­ме­на на нив­ни­те гле­ди­шта. Тоа по­драз­би­ра и бло­ки­ра­ње на веб-стра­ни­ци на по­ве­ќе ор­га­ни­за­ции кои пот­тик­ну­ва­ат по­дел­би и за­јак­ну­ва­ње. Пр­ви­от че­кор на „до­маш­на­та без­бед­ност“ бил от­стра­ну­ва­ње по­ра­ки од ин­тер­нет кои про­па­ги­ра­ат џи­хад. За са­мо не­кол­ку де­на се из­бри­ша­ни по­ве­ќе од 5.500 „не­при­фат­ли­ви“ по­сто­ви, а по про­ши­ру­ва­ње­то на ов­ла­сту­ва­ња се оче­ку­ва да се за­бра­ни ек­стре­ми­стич­ки про­по­вед­ни­ци да по­се­ту­ва­ат кам­пу­си и за­тво­ри кои се сме­та­ат за најп­лод­ни поч­ви за ре­гру­ти­ра­ње но­ви ра­ди­ка­ли кои по­доц­на ќе про­ду­ци­ра­ат на­силс­тво. Исто та­ка, но­ви­те при­ви­ле­гии тре­ба да обез­бе­дат доз­во­ла за при­стап до ин­фор­ма­ции во вр­ска со по­се­те­но­ста на веб-сај­то­ви, е-по­шта, те­ле­фон­ски раз­го­во­ри и по­ра­ки пре­ку со­ци­јал­ни­те мре­жи и „Скајп“.

English Defence League demonstrate in Bradford

 Бри­та­ни­ја има 16.000 по­тен­ци­јал­ни те­ро­ри­сти

Истра­жу­ва­ње на бри­тан­ски­от Хо­ум офис од 2004 го­ди­на по­ка­жу­ва де­ка 26 про­цен­ти од бри­тан­ски­те мус­ли­ма­ни не чув­ству­ва­ат ло­јал­ност кон Бри­та­ни­ја, 13 про­цен­ти го оправ­ду­ва­ат те­ро­риз­мот, а 1 про­цент е вклу­чен во те­ро­ри­стич­ки актив­но­сти до­ма и над­вор или под­др­жу­ва ва­кви актив­но­сти. Иа­ко ка­ко про­цент изг­ле­да мал­ку, во ре­ал­на број­ка тоа зна­чи де­ка во Бри­та­ни­ја има 16.000 по­тен­ци­јал­ни те­ро­ри­сти ме­ѓу мус­ли­ман­ско­то на­се­ле­ние, кое брои око­лу 16 ми­ли­о­ни. Спо­ред бри­тан­ски­от цен­тар за истра­жу­ва­ње „Ју­гов“, пак, 40 про­цен­ти од мус­ли­ма­ни­те под­др­жу­ва­ат во­ве­ду­ва­ње ше­ри­јат­ски за­кон во бри­тан­ско­то оп­штес­тво. Три­е­сет и два про­цен­та од ан­ке­ти­ра­ни­те мус­ли­ма­ни го оправ­ду­ва­ат уби­ва­ње­то во име на ре­ли­ги­ја­та, од­нос­но че­ти­ри про­цен­ти сме­та­ат де­ка уби­ва­ње­то мо­же да би­де оправ­да­но за про­мо­ви­ра­ње и за­шти­та на ре­ли­ги­ја­та, а 28 про­цен­ти ако ре­ли­ги­ја­та е за­гро­зе­на.

Фран­ци­ја во све­та вој­на

Без­бед­нос­ни­те служ­би во Гер­ма­ни­ја, Фран­ци­ја, Шпа­ни­ја, Ир­ска и во Ве­ли­ка Бри­та­ни­ја не­кол­ку ме­се­ци пре­ду­пре­ду­ва­ат де­ка до­маш­ни­те те­ро­ри­сти прет­ста­ву­ва­ат тем­пи­ра­ни бом­би.

Фран­ци­ја е на вр­вот на ли­ста­та на „но­ви­от џи­хад“, а нај­го­ле­ма­та за­ка­на до­а­ѓа од се­вер­но­а­фри­кан­ски­те ис­ла­ми­сти по­ра­ди ин­тер­вен­ци­и­те во Ма­ли и во Ни­гер. Ис­лам­ски­те те­ро­ри­сти ве­ќе из­вес­но вре­ме дејс­тву­ва­ат со но­ва та­кти­ка, па та­ка, на­ме­сто да се ор­га­ни­зи­ра­ат во ќе­лии, се­га ре­гру­ти­ра­ат до­маш­ни ек­стре­ми­сти кои има­ат тес­ни вр­ски со Ал Ка­е­да и со нив­ни­те след­бе­ни­ци. Тие се ро­де­ни и жи­ве­е­ле во зем­ји­те ка­де што тре­ба да ги из­вр­шу­ва­ат на­па­ди­те, дејс­тву­ва­ат са­мо­стој­но ка­ко „оса­ме­ни вол­ци“, со што ста­ну­ва­ат те­шки за сле­де­ње од без­бед­нос­ни­те служ­би.

XzxCrdOoZk21r3p32o0eVzl72eJkfbmt4t8yenImKBVaiQDB_Rd1H6kmuBWtceBJ

Вла­сти­те во Фран­ци­ја има­ат оз­на­че­но по­ве­ќе од 750 чув­стви­тел­ни об­ла­сти, кои се сме­та­ат ка­ко за­бра­не­ти зо­ни. Во нив жи­ве­ат око­лу 5 ми­ли­о­ни мус­ли­ма­ни, ка­де што си­ла­та на за­ко­нот не­ма го­ле­мо вли­ја­ние. Се­ко­гаш ко­га по­ли­ци­ја­та ќе се оби­де да вле­зе во овие по­драч­ја не­ми­нов­но се слу­чу­ва­ат су­ди­ри и ин­ци­ден­ти. Во 2011 го­ди­на тај­ни­те служ­би на Фран­ци­ја пре­ду­пре­ди­ле де­ка е зго­ле­мен трен­дот на ши­ре­ње ек­стре­ми­зам во Мар­сеј, ка­де што жи­ве­ат 250.000 мус­ли­ма­ни. Иа­ко ре­ла­тив­но мал број од нив под­др­жу­ва­ле на­си­лен џи­хад, ис­ла­ми­стич­ки­от фун­да­мен­та­ли­зам про­гре­си­рал до сте­пен ка­де што се­га до­ми­ни­ра над мно­зин­ско­то мус­ли­ман­ско на­се­ле­ние.

И фран­цу­ска­та јав­ност пре­ду­пре­ду­ва де­ка мо­ра да се со­пре трен­дот на ис­ла­ми­за­ци­ја на зем­ја­та за да се из­бег­не Фран­ци­ја да пре­рас­не во ти­пич­на бал­кан­ска зем­ја. Во мо­мен­тот во Фран­ци­ја жи­ве­ат 6,5 ми­ли­о­ни мус­ли­ма­ни, што прет­ста­ву­ва 7 про­цен­ти од вкуп­но­то на­се­ле­ние, а пред­ви­ду­ва­ња­та се де­ка до 2030 го­ди­на про­цен­тот ќе по­рас­не до 10,3 про­цен­ти. Иа­ко таа број­ка е да­ле­ку од мно­зинс­тво, се­ри­оз­но мо­же да вли­јае врз из­бор­ни­те ре­зул­та­ти, да до­ве­де до по­ли­тич­ка бал­ка­ни­за­ци­ја на зем­ја­та и да соз­да­де от­пад од кри­ми­нал­ци и те­ро­ри­сти.

Француско сценари во Швед­ска

Ако на­па­ди­те во Бри­та­ни­ја и во Фран­ци­ја беа оче­ку­ва­ни, ин­ци­ден­ти­те во Швед­ска беа из­не­на­ду­ва­ње за по­го­ле­ми­от дел од ана­ли­ти­ча­ри­те. Пред­гра­ди­ја­та во Сток­холм минатиот месец  се пре­тво­ри­ја во ви­стин­ски бо­и­шта, ка­де што сто­ти­ци ими­гран­ти-мус­ли­ма­ни се су­ди­ја со по­ли­ци­ја­та и за­па­ли­ја сто­ти­на авто­мо­би­ли и об­је­кти. На­силс­тва­та во нив­на­та су­шти­на по­тсе­ту­ва­ат на ма­ли­от џи­хад (Le Petit Jihad), кој во 2005 го­ди­на се по­ја­ви во Фран­ци­ја, а по­тоа ста­на тра­ди­ци­ја што се по­вто­ру­ва се­ко­ја го­ди­на. Па­ра­ле­ла­та ме­ѓу на­ста­ни­те во Па­риз и во Сток­холм е ин­те­рес­на од ас­пект де­ка се слу­чу­ва­ат ка­ко по прет­ход­но под­го­тве­на ма­три­ца. Из­го­во­рот за ма­ли­от џи­хад во Фран­ци­ја бе­ше смрт­та на двај­ца ти­неј­џе­ри кои бе­гај­ќи од по­ли­ци­ја­та, за­ги­на­ле од стру­ен удар. Во Сток­холм, пак, на­силс­тва­та кул­ми­ни­раа две не­де­ли отка­ко мус­ли­ман во пред­гра­ди­е­то Хус­би (кое е це­лос­но на­се­ле­но со мус­ли­ма­ни) на­пад­нал по­ли­ца­ец со ма­че­та, а по­тоа бил уби­ен во са­мо­од­бра­на. От­та­му не­ре­ди­те се про­ши­ри­ја во нај­мал­ку де­вет дру­ги квар­то­ви во кои жи­вее пре­теж­но мус­ли­ман­ско на­се­ле­ние, а во су­ди­ри­те со по­ли­ци­ја­та беа ко­ри­сте­ни дим­ни бом­би и Мо­ло­то­ви ко­кте­ли, исто ка­ко и во Па­риз.

svedska nasilstvo

За раз­ли­ка од Фран­ци­ја и од Бри­та­ни­ја, швед­ски­те вла­сти се по­ка­жаа ка­ко не­под­го­тве­ни да се спра­ват со „мус­ли­ман­ски­те мла­дин­ци“, па беа при­ну­де­ни по­ве­ќе па­ти да се пов­ле­ку­ва­ат во на­ле­ти­те на на­сил­ни­ци­те спро­ве­ду­вај­ќи та­кти­ка „оста­ви да го­ри ако не­ма за­гро­зе­но жи­во­ти“. Во спре­чу­ва­ње­то на на­силс­тва­та беа по­вре­де­ни мно­гу по­жар­ни­ка­ри и по­ли­цај­ци.

Оваа скан­ди­нав­ска зем­ја е осо­бе­но атра­ктив­на за ими­гран­ти­те од Авга­ни­стан, Ирак Се­вер­на Афри­ка и од Со­ма­ли­ја ток­му по­ра­ди ли­бе­рал­на­та по­ли­ти­ка за до­би­ва­ње азил. Но, ази­лан­ти­те не са­мо што не се оби­ду­ва­ат да се ин­те­гри­ра­ат во оп­штес­тво­то, кое им овоз­мо­жу­ва удо­бен жи­вот, кој са­мо мо­же­ле да го со­ну­ва­ат та­му од ка­де што дош­ле, тие пра­ват сѐ за да ја на­мет­нат сво­ја­та кул­ту­ра на Шве­ѓа­ни­те, за­ед­но со кри­ми­на­лот и на­силс­тво­то. Мус­ли­ман­ски­те брат­ства во оваа скан­ди­нав­ска зем­ја ги об­ви­ну­ва­ат вла­сти­те де­ка во­дат по­ли­ти­ка на клас­на и рас­на по­дел­ба, но кри­ти­ча­ри­те сме­та­ат де­ка нив­на­та бор­ба во Швед­ска, ка­ко и во Фран­ци­ја, Бри­та­ни­ја и во дру­ги­те европ­ски зем­ји, не е за ра­бот­ни ме­ста или за рам­но­прав­ност, ту­ку за соз­да­ва­ње па­ра­лел­на др­жа­ва во др­жа­ва, во ко­ја ќе вла­дее ше­ри­јат­ско­то пра­во.

(Текстот е објавен во 39 број на Република)

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top