Руското Министерство за надворешни работи денеска соопшти дека Москва е сериозно загрижена поради одлуката на САД да го премести седиштето на амбасадата од Тел Авив во Ерусалим.
Во соопштението на Министерството се наведува дека чесно и трајно решавање на стариот палестинско-израелски судир, кој обезбедува решавање на сите аспекти на конечниот статус на палестинската територија, вклучувајќи го и осетливото прашање за Ерусалим, по пат на директни палестинско – израелски разговори, мора да се постигне на основа на меѓународното право и резолуцијата на Советот за безбедност на ОН и Собранието на ОН.
Како што се наведува, планот на Вашингтон да ја премести амбасадата од Тел Авив во Ерусалим претставува закана за процесот на решавање на палестинско-израелската криза и може да се одрази на целокупната состојба на Блискиот исток.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.