| четврток, 6 декември 2018 |

Почнува клупската програма на Фестивалот „Десонанц 2017“

Во соработка со фестивалот „Таксират“, вечерва започнува клупската програма на деветтото издание на музичкиот фестивал „Десонанц“ .

Во салата 25 мај во МКЦ, вечерва ќе настапи истакнатиот ветеран на светската хаус, техно и електро сцена, Делта Функтионен од Берлин. Неговите сетови се легендарни во својата техничка софистицираност и прецизност како и сировата креативна енергија која го движи подиумот низ неговите препознатливо долги сетови. За загревање на публиката и затворање на вечерта задолжени се локалните диџеи Апостолски (Drop Series) и Митрик (Room 313).


Утре вечер на малата сцена во Македонската филхармонија, со својот несекојдневен проект Дамиен Дубровник ќе настапат двајца од најпрославените модерни композитори во современата музика, Локе Рахбек и Кристијан Стадсгард – сопствениците на културниот феномен и издавачка куќа posh isolation од Копенхаген. Публиката ќе има можност да го проследи и електроакустичниот настап на Ведис, како и ексклузивниот проект на македонските етноџез експериментатори Стринг Форсес (во комплетен состав).


По концертот во Македонската филхармонија, следува настапот на маскираниот берлински техно/IDM продуцент Headless Horseman во МКЦ. Headless Horseman е мистична фигура на електронската сцена и највозбудливиот хардверски техно перформанс во моментов на планетата. Овој перформанс е негово деби во Скопје и дел од светската турнеа на неговиот албум и видео проект „Sanctuary“. Локална поддршка се диџеите Maggie (Code XX), Bodan Jamakoski (Audiobahn), Andreas Hz (Broccoli) и Martchin (BTKRSH).
„Десонанз“ е годишен фестивал кој истражува и експериментира со културните стандарди на мултимедијалната уметност, но и границите на колективната естетика.

 

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top