Ферги се отвори за најтешките моменти во нејзиниот живот во најновото интервју за iNews. Поранешната членка на групата Black Eyed Peas, зборуваше за зависноста од дрога и грижата за синчето по разводот од Џош Духамел.
42-годишната пејачка открила дека долг период била зависна од метамфетамин и дека секојдневно халуцинирала, како последица на дрогата.
-Страдав од хемиски индуцирана психоза и деменција. Халуцинирав секојдневно. Потребно беше да помине една година откако престанав да ја употребувам таа дрога за хемикалиите во мојот мозок да се смират и да престанат да ми се привидуваат работи. Ќе седев и ќе видев пчела или зајаче – изјавила таа.
-Дрогата беше пеколно многу забавна… сè дури не престана да биде. Но, знаете што, му благодарам на денот кога тоа се случи. Бидејќи тоа е мојата сила, мојата верба, мојата надеж за нешто подобро – додала таа.
За списанието Time, Ферги во 2006 година изјави: „Тоа ми беше партнерот со кого ми беше најтешко да раскинам. Тоа е дрога која предизвикува зависност, но тоа е и главната причина поради која започнуваш да ја користиш.“
Славната музичарка зборуваше и за животот по разводот со Џош, со кого беше во брак 8 години, и грижата за нивното синче по разделбата.
-Јас и Џош работиме полно работно време, па ако сте родител со полно работно време ќе знаете што доживуваме. Станува тешко и се уморуваме, но даваме сè од себе за да се погрижиме нашето дете да не почувствува ништо друго освен љубов – објаснила Ферги.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Последни
-
Сензационално: Северина се разведува од Игор, поради познатата водителка!
-
Фатална сообраќајка кај Струмица: Со „Корса“ излетал од патот, загинал на лице место
-
Шон Пен во Истанбул: Ќе снима документарец за убиениот новинар Џамал Кашоги (видео)
-
Димитров: Зборовите „нација со комплекс“ се извадени од контекст