| четврток, 6 декември 2018 |

Нетанјаху очекува многу други држави да ја следат примерот на САД

Израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху денеска изјави дека очекува многу држави да го следат американскиот пример и да ги преместат своите дипломатски претставништва во „израелскиот главен град Ерусалим“.

Според Нетанјаху, може да се случи некои држави да ги преместат своите амбасади од Тел Авив во Ерусалим, дури и пред САД, на кои ќе им бидат потребни години да изградат соодветно седишти на новното дипломатско претставништво.

Одлуката на Трамп да го признае Ерусалим како главен град на Израел и да ја премести амбасадата од Тел Авив во овој град наиде на негативни реакции, при што доби остри критики од Европската унија, Велика Британија, Русија, Кина, Канада и од муслиманските земји.

– Претседателот Трамп засекогаш ќе има место во историјата на нашиот главен град. Неговото име гордо ќе стои покрај другите имиња поврзани со славната историја на нашиот град, изјави Нетанјаху.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top