| четврток, 6 декември 2018 |

Направете сами марамчиња кои ја впиваат бојата при перење на облеката

Делотворните и значително поефтини марамчиња за впивање на боја од оние што можете да ги најдете во продавниците нема да дозволат алиштата да се исфарбаат од некое друго парче облека што пушта боја, а истовремено ќе го намалат времето за перење на алиштата.

За да ги направите овие марамчиња потребни ви се само три состојки:

– бела памучна ткаенина
– сода за перење (натриум карбонат)
– вода
( содата за перење не е исто што и сода бикарбона )

Белата памучна ткаенина исечете ја на помали квадратчиња 10×10 сантиметри.

Во сад ставете 200 мл вода и една лажица сода за перење која можете да ја купите во подобро снабдените дрогерии или во аптеките.

Натопете ги парчињата ткаенина се додека целосно не ја впијат течноста и оставете ги да се исушат.

На тој начин тие се спремни за употреба.

Заедно со алиштата во машината за перење ставете и едно марамче кое докажано ќе ги улови сите несакани бои.

мама365.мк

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top