| четврток, 6 декември 2018 |

Каква работа се нуди во Германија, Шведска и Норвешка за Македонците?

Сега и без бугарски пасош лесно може да најдете работа во Германија, Шведска и Норвешка.

Доколку сакавте да заминете во Шведска, потребен ви е само пасош, а останатите услови се договараат со работодавецот. Според претставникот на Шведската амбасада во Хрватска, за во скандинавската земја не постои иселеничка виза. Доволно е само еден член од семејството да најде работа и потоа може да ги повлече и останатите членови.

Речиси идентично е и заминувањето во Норвешка. Таму се работи 7,5 часа дневно, а работниците добиваат 30 дена одмор. www.jobboerse.arbeitsagentur.de Ова е веб страната за работа во Германија.

Овие земји се соочуваат со голем број на недостаток од кадри, посебно во овие сектори:

Германија: ИТ, Машински инженери, Електорничар, Електричар, Електроинсталатер, Водоинсталатер, Лекар, Медицински сестри и Негуватели на стари луѓе и болни деца

Шведска: Стоматолози, книговодители, Кувари, Пекари, Молери, Градежни техничари и инженери, Електроинженери, ИТ Сектор.

Норвешка: Кувари, Пекари, Градежни техничари и инженери, Медициснки сестри и лекари.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top