Телото на професорката Снежана Тројачанец по наредба на Јавен обвинител е предадено на обдукција по што ќе бидат познати причините за смртта.
Од МВР информираат дека смртта кај Снежана била констатирана од страна на лекарски екипи од Итна медицинска помош без видливи траги на насилство.
Безживотното тело на Снежана Тројачанец било пронајдено околу 13 часот на местото каде реката Серава се влева во Вардар, по повеќе од 24 часа од нејзиното исчезнување.
Сопругот на почината професорка изјави дека таа била пронајдена со помош на кучиња трагачи.
Исчезнувањето на Снежана го крена целиот град на нозе, огромен број граѓани се вклучија во потрагата и се обидуваа да ја пронајдат жената во секоја населба.
-Благодарен сум на цела земја, на сите што се вклучија во потрагата и кои ни понудија помош, вели сопругот Пламен.
Семејството за „Фокус“ изјави дека се плашеле од најлошото бидејќи Снежана еден месец се лекувала од депресија.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Последни
-
Сензационално: Северина се разведува од Игор, поради познатата водителка!
-
Фатална сообраќајка кај Струмица: Со „Корса“ излетал од патот, загинал на лице место
-
Шон Пен во Истанбул: Ќе снима документарец за убиениот новинар Џамал Кашоги (видео)
-
Димитров: Зборовите „нација со комплекс“ се извадени од контекст