Во понови времиња се зголемува љубовта на Македонците кон оваа руска светителка, потикнати од восхитот кој произлегува од нејзината силна вера во Христа…..надворешно, површински – припроста жена од народот, вдовица која и неделувала сосема нормално бидејки барала да ја именуваат со името на нејзиниот рано упокоен сопруг….Внатре, длабоко – океан од вера и, воедно, вулкан од љубов, изразен преку огромен подвиг,кон сето тоа овенчана со бескрајно смирение и затоа со силата на Светиот Дух, прославена и со дарови, прозорливост, исцелувања и чудотворства…
И пред да биде свечено канонизирана и приспоена во бројот на многу признати светии, многу порано била од самиот верен народ,свештенството и монаштвото молитвено почитувана и повикувана за помош и спасение и постојат безброј пишани и непишани сведоштва за исцеленија и спасенија и чуда кои блажена Ксенија ги испросила пред Бога за сите кои и притекнале на помош.
Во времето кога Црквата во Русија претрпува огромни прогони и уништувања, во периодот на 18 век,кога е срушен заветниот храм на Христа Спаситеља во Москва, малиот скромен гроб и капелата на Смољенските гробишта останала незапазена, а скромната, неугледна црква, и нејзиното благо, гробот на Блажената, биле извор на вера и сила за милиони луѓе.И тој гроб останал, ја надживеал советската сила.
КОЈ МЕНЕ МЕ ПОЗНАВАЛ ДА ЈА СПОМЕНЕ МОЈАТА ДУША ЗАРАДИ ДУШАТА СВОЈА!Овие заветни зборови, вклесани на надгробната плоча на света Ксенија Петроградска на Смољенскиот гроб во Санкт-Петербург,повикуваат на молитвено почитување на светите Божји угодници, но и не опоменуваат дека нашиот Бог е Бог на живите и дека во нашиот Господ нема мртви туку само во Господа заспани и на земјата живи.Неговите угодници постојано се јавуваат и во помош му притекнуваат на секого кој молитвено и со вера им се обракаат.
Блажена Ксенија е неуморна и брза помошничка скоро два века.
Преподобна мајко Ксенијо, моли Го Бога за нас!
Многу работи од земниот живот на света Ксенија останале од нас луѓето сокриени и само Господ Бог ги знае.Дури ни годините на раѓањето и упокојувањето на блажена Ксенија не се точно познати.Со сигурност се знае само дека живеела помеѓу двата предходни века.Родена помеѓу 1720, и 173о година, а се упокојила околу 1800 и некоја година.На земјата престојувала 71 година.Родена е во Петроград,Ксенија Григорјевна,млада,убава и образована,сонувала за срека во овој земен живот..Се омажила за дворски певец,полковник Андреј Тодоровиќ Петров, незнаејки дека таа среќа е лажна и поминлива. Не се знае точно какво е Ксеининото потекло, но самиот брак со угледен,богат и убав млад човек сведочи за високото ниво на нејзините родители, како и за нејзиното образование и примерно поведение.
По ништо Ксенија не се разликувала од своите врсници. Срекно омажена – се до една вечер кога нејзиниот Андреј изненада, иако млад и сосема здрав, умира на некоја забава. Ксенија тогаш имала 26 години. Немала деца, а сега останала и без својот љубен сопруг. Целото нејзино богатсво повеќе немало никакво значење.Затоа имотот го поделила на сиромаси, а куќата ја поклонила на својата пријателка Параскева Антононовна. За роднините тоа бил знак дека од болка Ксенија полудела, дуро до надлежните поднеле молба за да ја спречат во раздавањето на богатсвото. Молбата била прифатена и Ксенија била повикана на разговор. Но веднаш било констатирано дека вдовицата Ксенија е сосема здрава и да, има потполно право со својата имовина да располага самостојно, како нејзе и одговара.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Денеска е голем празник на љубовта: Ако сакате да ја дознаете вашата сродна душа, пред спиење направете го ова…
-
Исповед: Со седум катанци му ја заклучила машкоста за да пропадне бракот
-
Ова е најсреќниот знак во хороскопот
-
Мајчина молитва: Овие зборови секоја мајка треба да ги знае за добро на своите деца