Рано утрото, на 28 ноември, полицијата извршила претрес во семејната куќа на полицаецот Фетах Алими кој во медиумите раскажуваше како го спасил Зијадин Села од тепањето во Собранието, објави ТВ 21.
Во месец мај Алими бил суспендиран, со образложение дека не бил на висина на задачата. Но, неговата сопруга вели дека, малку подоцна добил отказ.
Тоа го потврдија и од полиција со образложение дека тој е на листата на 35-те осомничени за настаните од 27 април. Полицијата во моментов трага по шест лица, а Спасовски пред неколку дена изјави дека не е распишана меѓународна потерница за нив бидејќи осомничените биле во државава.
Неговите адвокати велат дека се во контакт со Фетах и велат дека тој не е во бегство. За време на настаните од 27 април, кога толпата демонстранти насилно влезе во Собранието на РМ, Фетах Алими бил на должност во Одделот за безбедност на Собранието во рамките на МВР.
Од Обвинителството за организиран криминал и корупција не откриваат детали за какво дело конкретно се товари Алими, но велат дека тој е меѓу 6-мината осомничени, кои се уште се недостапни за органите на редот.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Опструкции на секој чекор: Граѓаните кои доаѓаа на протест стопирани на секоја патарина (галерија)
-
Хит на Фејсбук: Хрватски полицајци се обидуваат да поправат службено возило (видео)
-
Само кренат глас ќе се слушне: Полицајците во понеделник на марш низ Скопје
-
Убиецот од Мала Речица вечерва приведен во селото Гајре