| четврток, 6 декември 2018 |

Одрони на патот Дебар-Маврово: Надлежните апелираат на внимание од возачите

На патниот правец Дебар – Маврово, на делницата Мелнички мост – Косоврашки мост има поголеми одрони поради што надлежните институции апелираат на внимание од страна на возачите.

И покрај тоа што екипите на ЈП „Македонија пат“ постојано ги чистаат одроните сепак на некои места тие повторно се случуваат. Одрони постојано има и во блзина на Ростушки мост, додека пат на правецот Дебар – Струга одрони има во близина на месноста „Три чешми“. Во текот на изминатите денови огромна карпа падна непосредно до комби возило во блзина на Косоврашки мост, но за среќа без последни по патниците и покрај тоа беше нанесена матријална штета.

 

извор: Makfax

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top