| четврток, 6 декември 2018 |

Фатени две групи криумчари на мигранти

migranti

Полицијата пред малку јави дека имале нова акција за откривање и апсење шверцери на мигранти. Во два одвоени случаи се фатени две групи, од по тројца шверцери.

Во своето соопштение МВР наведува:

РЦ за ГР Југ до надлежното ОЈО за гонење на организиран криминал и корупција Скопје за два одвоени случаи поднесе кривична пријава против шест лица, С.С. (18), С.Б. (30) и К.С. (30) сите од Скопје, како и против А.Б. (36), П.Д. (53) и К.К. (29) исто така и тие од Скопје, а поради основано сомнение да имаат сторено кривично дело -“криумчарење мигранти“ чл.418 б ст.4 вв ст.2 од КЗ на РМ.
Во првиот случај на 13 овој месец околу 03,00 часот на автопатот Е-75 кај место викано клучка Прдејци, општина Гевгелија, поточно кај исклучок кон с.Негорци, С.С. во ПМВ “СЕАТ Толедо“ со скопски регистарски таблици прифатил заради превоз седум возрасни мигранти и едно малолетно дете кои што нелегално влегле во Р.Македонија од Р.Грција. Додека пак со ПМВ „Опел Астра“ исто така со скопски регистарски таблици, сопственост и управувано од С.Б., во кое што бил и К.С. вршеле опсервирање на автопатот заради избегнување на полициска контрола (предходница).
Имено, кога пријавените дошле во близина на село Прдејци поточно на исклучокот кон с.Негорци С.С. со ПМВ „СЕАТ Толедо“ се исклучил од автопатот Е-75 упатувајќи се кон с.Негорци каде што ја прифатил групата од нелегални мигранти (пет државјани на Алжир, еден на Мароко и двајца сириски државјани).
По предходно преземени оперативно тактички мерки за набљудување и следење на движењето на сомнителните возила од страна на полициски службеници од ПС за ГП и ГН Богородица се забележани посочените возила како во повеќе наврати се движеле на делницата од автопатот Е-75 од с.Смоквица до с.Прдејци и обратно, по што од страна на полициски службеници во 03,20 часот на 13.06. при обидот да биде контролирано возилото со кое управувал С.С. на магистралниот пат Гевгелија-Скопје на оддалеченост од околу 500 метри пред паркингот кај исклучок кон с.Милетково со истиот го напуштил возилото и се дал во бегство, оставајќи ги мигрантите од кои дел се пронајдени во возилото а дел се приведени дополнително.
Со пријавените се извршени разговори и тоа со првопријавениот во присуство на социјален работник од ЈУМЦСР Гевгелија затоа што по кажување на С.С истиот е малолетен и не е внесен во единствениот систем на матична евиденција на граѓани во Р.Македонија. Од него со потврда е одземено ПМВ „СЕАТ Толедо“, а истото е направено и со ПМВ „Опел Астра“. Инаку Истражен судија на С.С., С.Б., и К.С. им одреди мерка притвор во траење од по 30 дена. Мигрантите се сместени во Прифатниот центар за странци во Скопје.
Во вториот случај, според документираните сознанија на истрагата на 14-ти овој месец А.Б., П.Д. и К.К. по претходен меѓусебен договор со цел да извршат превезување на помала група мигранти од Скопје дошле на подрачјето на Гевгелија каде во близина на село Богородица извршиле прифаќање на четворица авганистански мигранти, кои се пронајдени во ПМВ марка “Мазда“ со битолски регистарски таблички сопственост на Љ.М., а управувано од А.Б. кој во возилото бил заедно со П.Д. Третопријавениот во овој случај К.К. со ПМВ марка “Мазда 626“ со скопски регистарски таблички вршел опсервирање на автопатот заради избегнување полициска контрола (претходница). Турата ја договорил А.Б. со НН лице од Куманово да земат лица мигранти од Богородица и да ги пренесат до Скопје. Во Гевгелија стигнале околу пладне, а потоа се упатиле кон с.Богородица, по што А.Б. по телефон се слушнал со НН лицето од Куманово кое му рекло да чекаат понатамошни инструкции, и тие чекале пред селската продавница, кога за кратко време им пришол црно момче со кратка коса и потоа сите тргнале кон излезот на с.Богородица, а К.К. останал пред продавницата. Во близина на каналот од големите трски излегле 4 лица мигранти-Авганистанци, кои ги ставиле патните торби во багажникот и се сместиле на задното седиште од возилото на А.Б. За услугата веднаш им наплатиле по 100 евра од човек или вкупно 400 евра кои ги зел П.Д. и потоа стапиле во контакт со К.К. и му кажале каде да дојде, и по спореден паралелен пат излегле сите на регионалниот пат Гевгелија Скопје-Е 75 тргнувајќи кон Скопје.
К.К. возел напред како претходница, а зад него А.Б. и П.Д. со мигрантите, во постојан телефонски контакт со него. Околу 19,15 часот од страна на полициски службеници од ПС за БПС Демир Капија кај м.викано„Арсова Лака„ при рутинска контрола двете возила се запрени, а мигрантите се дале во бегство кон ридот, но се фатени и сите се приведени во ПС за ГП и ГН Богородица. Пријавените се лишени од слобода на ПС за ГП и ГН „Богородица“ и задржани во ПС од ОН Гевгелија. Истражен судија од Основен суд 1 Скопје на тројцата им определи мерка притвор во траење од 30 дена, додека лицата мигрантите се сместени во Прифатен центар во Скопје.
Исто така РЦ за ГР „Југ“ поднесе кривична пријава против М.Т. (38) со двојно државјанство (Р Македонија и Р Албанија) и И.С. (33) од Прилеп, за сторено кривично дело „криумчарење на мигранти“. Имено тие 16 овој месец, околу 07,00 часот, во близина на с.Полчиште-Прилепско, со патничко возило за паричен надомест од 130 евра прифатиле еден албански државјанин, кој претходно илегално влегол во Р Македонија од Р Грција, и го однеле во близина на ГП „Ќафасан“, од каде истиот пеш илегално заминал во Р Албанија. За околу еден час, албанскиот државјанин повторно илегално влегол во Р Македонија заедно со уште еден албански државјанин, од каде биле превземени од пријавените, а откако пристигнале во Прилеп, имале намера со такси возило илегално да заминат во Р Грција. Истражен судија на на М.Т. и И.С. им одреди мерка притвор во траење од по 30 дена.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top