Судењето за предметот „Траекторија” на СЈО, во кој обвинети се поранешниот премиер Никола Груевски, поранешниот вицепремиер Владимир Пешевски, поранешниот министер за транспорт и врски Миле Јанакиески и поранешниот директор на Агенцијата за државни патишта, Љупчо Георгиевски, е одложено за 18 декември.
Одбраната на обвинетите на денешното рочиште во Кривичниот суд побараа визулено и тонско снимање на судењето.
По завршувањето на рочиштето, Груевски изјави дека денеска бил повикан на суд за нешто што претходно го правела, а и сега го прави Владата на СДСМ.
– Во минатото владата на СДСМ за изградбата на хидроцентралата „Козјак“ на ист начин и во иста постапка земала кредит од Кина и ја исфинансирала изградбата. Сега кога повторно дојде на власт СДСМ, на ист начин и во иста постапка направен е анекс на договорот што е усвоен во Парлементот и е преточен во закон, рече Груевски.
Ние, како што додаде, сме обвинети за нешто што го правеле и тие.
На новинарско прашање за договорот со кинеската компанија за изградбата на двата автопатишта, поранешниот премиер Груевски рече дека сѐ било направено според закон.
– Парламентот имаше увид на сѐ и сето тоа го прифати и за него гласаа и пратениците на СДСМ, додаде Груевски.
Судот го прифати барањето за снимање на рочиштата и го презакажа судењето за 18 декември, за кога ќе бидат обезбедени услови.
Според СЈО, обвинетите во „Траекторија“ во втората половина на 2012 година и во текот на 2013 година презеле повеќе дејствија со кои во постапката за избор на компанија за изградба на автопатните делници Миладиновци – Штип и Кичево – Охрид ги пречекориле своите овластувања.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Последни
-
Сензационално: Северина се разведува од Игор, поради познатата водителка!
-
Фатална сообраќајка кај Струмица: Со „Корса“ излетал од патот, загинал на лице место
-
Шон Пен во Истанбул: Ќе снима документарец за убиениот новинар Џамал Кашоги (видео)
-
Димитров: Зборовите „нација со комплекс“ се извадени од контекст