| четврток, 6 декември 2018 |

Судењето на Груевски, Јанакиески и Пешевски одложено, судницата не била подготовена за снимање

Денешното рочиште за случајот „Траекторија“ беше одложено од причина што судењето не било подготвено за тонско и визуелно снимање. Одбраната побара се што се случува во судницата да биде снимено во видео или аудио формат.

Во случајот „Траекторија“, обвинети се поранешниот премиер Никола Груевски, вицепремиерот Владимир Пешевски, ексминистерот за транспорт и врски, Миле Јанакиески и поранешниот директор на Агенцијата за државни патишта, Љупчо Георгиевски, за злоупотреба на службената положба и овластувањата за лични цели.

– Одложено е поради тоа што не е снимено и не се снимаше. Во законот се вели дека мора видео или тонски да се снима. Сакаме сè што се случува и сè што се кажува да не внимаваме што е запишано во записникот, туку да биде сè снимено. Ако нема услови за снимање, нека го променат законот – рече адвокатот Еленко Миланов.

 

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top