| четврток, 6 декември 2018 |

Грчката ДЕИ ќе гради термоцентрала во Турција

Грчката државна енергетска компанија ДЕИ планира да се здружи со кинеската „Шенуа“ за изградба на термоцентрала на јаглен во Турција со капацитет од 1.000 мегавати.

Директорот на ДЕИ, Манолис Панајотакис, најавувајќи го планот, изјави дека средствата за проектот во Турција може да дојдат од планираната продажба на два термоенергетски комплекси кај Лерин и на Пелопонез, кои Атина мора да ги продаде како дел од реформите кои Европската унија ги бара од Грција.

Договорот за продажбата на двете централи во Грција треба да биде склучен до крајот на годинава.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top