На седница на Советот на Агенцијата за аудио и аудиовизуелни медиуми одржана доцна синоќа директорот Зоран Трајчевски и членовите на Советот одлучија да ја затворат ТВ Нова заради поттикнување верска и национална омраза и ширење идеи за насилно уривање на уставниот поредок.
По направените анализи, стручните служби на АВМУ утврдиле дека ТВ Нова под изговор дека емитува програма посветена на културата, кукавички се обидела да подметне и да промовира идеи за тероризам.
Утврдено е дека телевизијата му посветила цела емисија на лицето И.Д. (40) од Битола, претставувајќи го како оперски пејач, татко на три деца и сопруг на оперска пејачка. ТВ Нова свесно и тенденциозно го претставува како оперска легенда која настапува на сцените во Европа и светот промовирајќи ја македонската култура, без притоа да навлезе во неговите мотиви за излегувањето од границите на земјава.
Членовите на Советот отворено се сомневале дека настапите на И.Д. биле само кулиси зад кои тој ги сокривал подготовките за теористичкиот акт.
„Ваквата подла игра на ТВ Нова, преку која телевизијата една година пред извршувањето на терористичкиот акт прикажува терористи како семејни луѓе и врвни професионалци е подлост која мора да се санкционира“, констатирал еден од членовите.
„Доколку не го направиме тоа, што држава сме? Утре ќе почнат да ни емитуваат и претстави и филмови во кои терористите ќе ги претставуваат како глумци“, се приклучил на дискусијата и втор член на Советот.
На крај едногласно со поддршка на директорот, ТВ Нова е пратена во историјата, а со тоа се праќа порака и до останатите дека ги чека иста судбина доколку се обидат да емитуваат филм со В.Ј. или некоја емисија во режија на Б.Д., двајцата обвинети за тероризам.
Пиперка Ајварка
*** Целта на „Двоглед“ е да се сврти вниманието на одредени појави во општеството. Секоја сличност со вистинските луѓе и институции е случајна.
*** The aim of "Dvogled" is to draw attention to certain phenomena in society. Any similarity to actual persons and institutions is merely coincidental.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Последни
-
Сензационално: Северина се разведува од Игор, поради познатата водителка!
-
Фатална сообраќајка кај Струмица: Со „Корса“ излетал од патот, загинал на лице место
-
Шон Пен во Истанбул: Ќе снима документарец за убиениот новинар Џамал Кашоги (видео)
-
Димитров: Зборовите „нација со комплекс“ се извадени од контекст