| четврток, 6 декември 2018 |

Привремени прифатилишта за бездомници во Битола, Струмица и Струга

Црвениот крст за време на екстремно ниските температури ќе се овозможи сместување во привременото прифатилиште кое има капацитет да смести 32 лица во исто време, а мобилни тимови на Црвен крст ќе бидат достапни 24/7 за да укажат помош и обезбедат превоз за сите бездомни лица дојавени од терен.

Со поддршка на Министерството за труд и социјална политика на РМ оваа година ваквите услуги покрај во градот Скопје, проширени се и во Битола, Струмица, Струга каде се поставени контејнери во кои може да се згрижат по осум лица, а се опремени со ќебиња, храна…

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top