Последните резултати од истражувањето на агенцијата „Галуп“ покажуваат дека само 23 проценти од граѓаните на САД им веруваат на вестите кои ги гледаат на телевизија или ќе ги прочитаат во весниците.
Имено, помалку од една четвртина, односно 23 отсто, од испитаниците во САД одговoриле дека имаат голема или значајна доверба во весниците и во телевизијата.
Меѓутоа, медиумите меѓу Американците сѐ уште се многу попопуларни од големите стопански корпорации, синдикатите, па дури и Конгресот.
Според истражувањето на „Галуп“, довербата на американските граѓани во медиумите е во постојан пад во изминатите 40 години откако е почнато мерењето на популарноста на јавнитe гласила меѓу населението во САД.
Довербата во медиумите меѓу Американците била на највисоко ниво во 1979 година, кога 51 процент од граѓаните на САД им верувале на вестите кои ги читаат во весниците. Најмала доверба од само 22 проценти е забележана во 2008 година.
Резултатите од истражувањето на Галуп покажале дека Американците најмногу ѝ веруваат на војската (76 отсто). Веднаш по неа следуваат малите и средните претпријатија, полицијата, црквата, претседателството и здравствениот систем.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.