Откако македонскиот министер за внатрешни работи Оливер Спасовски и неговиот косовски колега Фљамур Сефај по вчерашната средба во Скопје рекоа дека не разговарале за екстрадицијата на двајцата осомничени за „Монструм“, поранешната пратеничка Солза Грчева праша за што тогаш „дрндале“? -Збореле за сè и сешто, ама за пребеганите убијци од „Монструм“, јок. Која подигравка од држава сме ние. Па за што бре дрндале???? За кој криминал зборувале, ако не за свирепата ликвидација на матурантите. А случајно за палењето на нашето знаме дали бекнале?, праша експратеничката на СДСМ преку својот профил на „Фејсбук“.
Африм Исмаиловиќ и Алил Демири се двајцата бегалци во Косово, кои заедно со уште четворица што завчера беа пуштени од притвор се товарат за убиството на четири момчиња и еден рибар на „Смилковско Езеро“ на Величетврток пред две години.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Последни
-
Сензационално: Северина се разведува од Игор, поради познатата водителка!
-
Фатална сообраќајка кај Струмица: Со „Корса“ излетал од патот, загинал на лице место
-
Шон Пен во Истанбул: Ќе снима документарец за убиениот новинар Џамал Кашоги (видео)
-
Димитров: Зборовите „нација со комплекс“ се извадени од контекст


