| четврток, 6 декември 2018 |

Автобуска линија за „вонредни ситуации“ во доцниите часови

Откако последниот вечерен воз во Токио се повлекува од сообраќајот, на сцена стапува посебен автобус кој ги собира сите оние кои претерале со алкохолот, ја промашиле својата станица или се заборавиле на патот до дома.

Автобусот за спас има најмногу работа при крајот на годината, кога компаниите организираат предновогодишни прослави.

Билетот за специјалниот превоз чини околу 6,5 евра, а сообраќа до делот од градот каде има преноќувалишта.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top