Лидерот на австриските конзервативци и најверојатно иден канцелар, Себастијан Курц предложи следната година да бидат замрзнати платите на политичарите во таа земја, бидејќи ревизорите пресметаа дека пратениците имаат право на раст на платите од 1,5 проценти.
Курц, кој преговара за нова коалициска влада со десничарската Слободарска партија на Австрија, рече дека предлага замрзнување на платите за членовите на австриската влада и парламентот.
Тој се надева дека ќе постигне договор со другите партии во овој месец.
– Ние ветивме дека ќе штедиме во системот, а не на луѓето. Тоа значи дека треба да почнеме од политиката, од самите нас, рече Курц.
Австриската ревизорска комора пресмета дека на пратениците им следува зголемување на платите за 1,5 проценти следната година.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Последни
-
Сензационално: Северина се разведува од Игор, поради познатата водителка!
-
Фатална сообраќајка кај Струмица: Со „Корса“ излетал од патот, загинал на лице место
-
Шон Пен во Истанбул: Ќе снима документарец за убиениот новинар Џамал Кашоги (видео)
-
Димитров: Зборовите „нација со комплекс“ се извадени од контекст


