| четврток, 6 декември 2018 |

Студена вечер во Македонија: Каде вее снег во моментов

Попова Шапка е единственото место каде вечерва провејува снег. Според информациите, снегот е со послаб интензитет а температурата околу 8 степени под нулата.

Сообраќајот во овој дел на Македонија се одвива отежнато поради остатоци од кашест снег на патиштата.

Во останатите места од Македонија сообраќајот се одвива нормално, а на места коловозите се влажни. Температурите на останатите места низ Македонија во моментов се движат од минус 1 до 4 степени.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top