| четврток, 6 декември 2018 |

Почина пациент со ретка болест, лекот сам си го набавил, но не успеа да го прими

Пациент на Пулмологија со ретко заболување на белите дробови сам си обезбедил лекот кој требало да му го продолжи животот, но не успеал да го прими. Од Клиниката за пулмологија го потврдуваат случајот за Сител и велат дека тешката болест на 49-годишниот маж му ја дијагностицирале пред три години и поради компликации често лежел во болница.
-По неколкумесечна голгота да дојде до лекот, вчера требало да ја прими терапијата која годишно од еден производител чини 100.000 долари, а од друг 23.000 евра. Бидејќи лекот е многу скап, од Клиниката и од Здружението за ретки болести уште на почетокот на годината испратиле барање до Министерството за здравство да ја обезбеди потребната терапија, но не го сториле тоа. Летото починал уште еден пациент со истатата дијагноза, вели за Сител Весна Стојмирова – Алексоска од Здружението на пациенти со ретки болести “Живот со предизвици“.
 Засега Министерството за здравство нема идеја како да се реши проблемот со набавката на терапии за замолените од ретки болести. Од Здружението предупредуваат дека состојбата со терапијата мора итно да се реши бидејќи може да дојде до нови смртни случаи или тешки компликации по животот на лицата со ретки болести  поради неможноста да ги примаат неопходните лекови. Бараат стабилно решение и зголемување на буџетот зошто парите предвидени за догодина не се доволни за терапија за сите пациенти.

Извор: Сител

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top