Драган Којиќ Кеба прв пат јавно се огласи и се појави пред камерите, еден месец откако предизвика сообраќајна незгода во Нов Белград каде згази девојка на пешачки премин.
Незгодата се случила на седми ноември на улицата Париска комуна, а пејачот го управувал возилото без возачка дозвола.
Еден месец покасно, Кеба истакнува дека тој е единствен кривец и дека е спремен да ги сноси последиците.
–Не би зборувал многу за тоа. Се е јасно како ден. Јас сум крив. Спремен сум за сите законски последици, кои во тој случај следуваат. Најважно е во целата приказна што девојката е жива и здрава, дека сега нема никакви проблеми. Што да правам… Се извинив и приватно и јавно на семејството, ако поставувате прашање дали сме во контакт – сме, повеќе пати бевме и се уште сме. Виновен сум. Најтешко е кога имаш чувството на вина. Не зборам патетично, нема тука место за никаква патетика. Реагирав онака како што во тој момент и чувствував, а чувствувам правилно. Мислата ми беше само таа девојка да биде добро, како и што е. А помислата што се можело да биде, руши се пред себе, искрено кажа Кеба.
–Што да правам. Апсолутно ништо од тоа не сакав и на крај единствено можам да кажам внимание, внимание, внимание. Се случи, фала му на Бога што последиците не чувај Боже. Сешто прочитав. Секако дека не ми беше лесно, но нема да правиме ријалити од тоа. Разбирам се, но што имав кажав. И не знам што друго би кажал, освен благодарение на Бог што се помина како што помина, а како можеше да биде не ме прашувајте. Не дај Боже на никому. Во секој случај, би се заблагодарил на разбирањето првенствено на семејството, кажа Кеба.
–Стресно е се тоа, страшно е тоа. Единствена мисла која ми беше во главата е девојката да биде добро, верувајте ми. Што да правам… Не сум јас ниту така млад ниту така неискусен да се убијам од тага, но наоѓам некој модус да се биде над тоа колку можеш. Што да правам, се случи… Животот е таков. Се случува… Животот трае, за некои работи не се прашуваш, едноставно се случуваат. Зошто? Не размислувам за тоа, заврши Драган Којиќ Кеба.
Кеба додаде и дека моментално не е зад воланот и којзнае уште колку нема да може да управува со автомобил. Освен тоа, го завршува новиот албум со кој ќе ја израдува публиката наредната година.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Последни
-
Сензационално: Северина се разведува од Игор, поради познатата водителка!
-
Фатална сообраќајка кај Струмица: Со „Корса“ излетал од патот, загинал на лице место
-
Шон Пен во Истанбул: Ќе снима документарец за убиениот новинар Џамал Кашоги (видео)
-
Димитров: Зборовите „нација со комплекс“ се извадени од контекст