| четврток, 6 декември 2018 |

Градоначалничка ќе лежи 14 години затвор: Украла 5 милиони евра, го управувала градот преку WhatsApp

Поранешната градоначалничка на бразилскиот град Бом Хардин, позната по тоа што со градот управувала преку апликацијата WhatsApp, е осудена на 14 години затвор, бидејќи проневерила милиони од градскиот фонд за образование, пишува „Индепендент“. Лидијана Леите (27) била во бегство од август 2015 година, но сепак, се предала по 39 дена криење. По двегодишна правна битка, таа сега е осудена на 14 години и еден месец затвор поради проневера на 20 милиони бразилски реали (околу 5,2 милиони евра).

Целата приказна започнала уште во 2012 година кога на поранешното момче на Лидијана, Хамбер то Дантас дос Сантос, познат и како Бето Роча, му било забрането да ја извршува должноста на градоначалник поради обвиненија за корупција. Недолго потоа, Лидијана Леите влегла во трката за местото на градоначалник, а откако била именувана на чело на градот, за свој советник го земала токму 44-годишниот Дос Сантос во чии раце била реалната власт.

Целото тоа време, Лидијана водела луксузен животен стил, а со своите предодредени комуницирала главно преку апликацијата.

Дос Сантос во моментот и понатаму е во бегство, а осуден е на 17 години и девет месеци затвор. Политичко-криминалниот пар ја прекинал својата врска во 2015 година кога почнале првите проблеми и обвиненија за корупција.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top