Пратениците Крсто Мукоски, Сашо Василевски и Љубен Арнаудов добија 30-дневен притвор, а на Јохан Тарчуловски, Жаклина Пешевска и Љупчо Димовски им е одреден домашен притвор, објави попладнево Кривичниот суд.
Арнаудов, Мукоски и Василевски попладнево со полициско комбе и со полициска придружба беа однесени од Кривичниот суд. По нив од судот излезе и пратеничката Жаклина Пешевска, која без полициска придружба замина со друго комбе.
Во судот се уште се пратениците Јохан Тарчуловски, Жаклина Пешевска, Љупчо Димовски и Сашо Василевски.
Шестемина пратеници денеска беа на распит пред судија на претходна постапка за насилствата во Собранието од 27 април годинава.
Распитот на пратениците траеше неколку часа. Тие одделно дојдоа во судот, а куса изјава за медиумите пред влегувањето даде само пратеникот Мукоски, кој рече дека правно гледано, според него, нема аргументи за притвор, но, како што наведе, остава на судот да одлучи за тоа и верува во него.
Шестемина пратеници пред судот ги пречекаа и неколкумина нивни колеги од пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ за да им изразат поддршка.
Јохан Тарчуловски, Жаклина Пешевска, Крсто Мукоски, Љупчо Димовски, Љупчо Арнаудов и Сашо Василевски се дел од 36-те лица кои Основното јавно обвинителство ги гони за „терористичко загрозување на уставниот поредок и безбедноста“, во врска со настаните од 27 април годинава во Собранието на Република Македонија.
Во петокот, Собранието на Република Македонија им го симна имунитетот, а известувањето до Кривичниот суд од Парламентот пристигна вчера по што тоа беше доставено на надлежните судии на претходна постапка, со што се создадоа услови да се постапува по предлогот на обвинителството
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Судот одреди 30 дена притвор за Груевски и во случајот ,,Титаник‘
-
Сашо Мијалков останува во притвор
-
Притвор од 30 дена за поранешниот директор на УБК, Владимир Атанасовски
-
Ситуацијата е алармантна и треба да се реагира: Пратениците на ВМРО-ДПМНЕ и Коалицијата поднесоа Информација за енормното загадување на воздухот