Голем дефект го остави половина скопски Аеродром без вода за пиење. Корисниците во овој дел на Скопје без вода останале уште вчера во вечерните часови. Вода немало ни утрово.
Од Водовод велат дека станува збор дефект и дека вода ќе нема до 15 часот.
„Почитувани, во врска со дефектот на бул. Видое Смилевски – Бато, раскрсница со Бул. Србија, каде без вода е високата зона во Аеродром и Ново Лисиче, од информациите од терен, се работи за пукната цевка Ф400, се работи интензивно на санирање на дефектот. Се очекува да се санира дефектот до крајот на работното време, околу 15:30 часот.“ – стои во информацијата од Водовод.
Корисниците во Аеродром, но во ниската зона вода немаа и во текот на претпладнето од вчерашниот ден. Прекинот траеше неколку часа.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.