Врховниот суд на САД и одобри на Администрацијата на американскиот претседател Доналд Трамп целосно да ја спроведе забраната за влез во земјата на државјани на Чад, Иран, Либиија, Сомалија, Сирија и Јемен.
Забраната за влез на лицата од шесте претежно муслимански земји, ќе стапи на сила и покрај тоа што против неа се поднесени тужби во многу судови во САД.
Мерката исто така, се однесува и на граѓаните на Северна Кореја, како и на некои претставници на венецуелските власти.
На овој список беа ставени и државјаните на Ирак, но бидејќи таа земја е клучен сојузник на САД на Блискиот Исток, забраната беше укината.
Покрај Ирак, од списокот е остранет и Судан, откако американскиот претседател ги укина санкциите за земјата, по „забележителниот напредок“ во борбата против тероризмот и во областа на човековите права.
Забраната е оспорена во апелациски суд во Хаваи и од страна на Американскиот сојуз за граѓански слободи.
Како што јави МИА, Трамп прв пат забраната за влез на лица од шест претежно муслимански земји ја воведе во јануари. Таа беше блокирана од федералните судови и во март тој издаде втора, делумна забрана, чија важност заврши во септември по долги судски борби. Американскиот претседател истиот месец издаде и трета забрана.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Последни
-
Сензационално: Северина се разведува од Игор, поради познатата водителка!
-
Фатална сообраќајка кај Струмица: Со „Корса“ излетал од патот, загинал на лице место
-
Шон Пен во Истанбул: Ќе снима документарец за убиениот новинар Џамал Кашоги (видео)
-
Димитров: Зборовите „нација со комплекс“ се извадени од контекст