| четврток, 6 декември 2018 |

Следува продолжен викенд – остануваат уште 2 неработни денови до крајот на годинава!

Според програмата за неработни денови за 2017-та година која ја изготвува Министерството за труд и социјална политика, петок (8-ми декември) е неработен ден за сите граѓаните на Република Македонија поради чествувањето на празникот Св. Климент Охридски.

По продолжениот викенд, остануваат уште 2 неработни денови до крајот на 2017-та година меѓутоа нема да важат за сите граѓани.
Така 21 декември ќе биде неработен ден за граѓаните од турската заедница кои го слават Денот на наставата на турски јазик.

Последниот неработен ден за 2017-та година е 25-декември – и тоа за граѓаните од католичка вероисповед кои го празнуваат католичкиот Божиќ.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top