Ниту бегав од некого, ниту имав зошто да бегам, вели за Алфа пратеникот Јохан Тарчуловски, еден од шестмината осомничени пратеници за инцидентот на 27 април. Тој и петорицата негови колеги, на кои во петокот на куса седница владејачкото мнозинство им ги одзема имунитетите, утре ќе бидат сослушани пред судијата на претходна постапка.
Но Тарчуловски, Мукоски, Пешевска, Арнаудов, Василевски и Димовски се прогласени за виновни уште пред распитот. Деновиве дел од медиумите повикувајќи се на свои извори во МВР тврдеа дека Тарчуловски е во бегство и дека не можат да го лоцираат.
-До мене не е стигнато никакво известување од надлежен орган дека треба да се јавам на распит. Нема од кого да бегам. Од никого ниту сум добил покана ниту пак сум бил повикан на распит. Од пријатели разбрав дека други пратеници на социјалните мрежи пишуваат како не можела полицијата да ме најде, како сум бегал и слични невистини. Ништо од тоа не е точно. Кога ова го разбрав, во консултација со мојот адвокат самоиницијативно баравме информации за да сме во тек, објаснува Тарчуловски.
За очекувањата од судската постапка и настаните од 27ми не сака да зборува во камера. Вели секој кажан збор може да се употреби на погрешен начин понатаму во процедурата, затоа пред се да заврши не сака да прејудицира.
Дека е во бегство се тврдеше и за Димовски. Во изјава за „Дојче веле“ тој демантира.
-Цело време сум достапен, активен, се среќавам со пратеници и граѓани, се движам, се појавувам на одредени јавни места и во очекување сум на поканата за да можам да се произнесам, за што сум во постојан контакт со мојот правен застапник. Јас живеам сам во мојот дом и никој друг не може да прими никаков документ, затоа што освен мене нема кој друг да отвори врата, вели Димовски.
Се очекува утре судиите да одлучат дали ќе останат на барањето за мерка притвор за пратениците, како што тоа го бара обвинителството за гонење на организиран криминал.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Последни
-
Сензационално: Северина се разведува од Игор, поради познатата водителка!
-
Фатална сообраќајка кај Струмица: Со „Корса“ излетал од патот, загинал на лице место
-
Шон Пен во Истанбул: Ќе снима документарец за убиениот новинар Џамал Кашоги (видео)
-
Димитров: Зборовите „нација со комплекс“ се извадени од контекст