| четврток, 6 декември 2018 |

Македонски бегалец и српски криминалец загинаа во неуспешниот грабеж на менувачницата во Кисела Вода

Утврден е идентитетот на двајцата криминалци кои беа убиени од страна на сопственикот на менувачница во Кисела Вода, при обидот да извршат грабеж на истата, информра во соопштение Основното јавно обвинителство.

Според податоците, едниот од разбојниците бил граѓанин на Република Србија, по кого поради претходно сторени кривични дела била распишана потерница.

Вториот убиен напаѓач бил македонскиот државјанин, односно осуденик кој од користење на слободен викенд во март годинава не се вратил во затвор. Летово бил сторител на петнаесетина разбојништва врз банки, менувачници и обложувалници. Разбојништвата претежно ги вршел сам, но последниот пат се здружил со криминалецот од Србија.

Иако за обвинителството првично се утврдени потребните факти и докази што ја откриваат вистината и одговорноста за тоа што се случило, за да се потврди дали навистина сопственикот на менувачницата делувал во нужна одбрана, потребно е целосно прибирање на сите докази во предметот, по што ќе следи донесување на јавно обвинителска одлука, стои во соопштението.​

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top