| четврток, 6 декември 2018 |

Срамен документ издаден од Врховниот суд: На монструмите им е забрането да го напуштат Скопје

Врховниот суд го објави срамен документ што го нарече образложение за укинувањето на притворите на обвинетите во случајот „Монструм“, односно петкратното убиство кај Смилковското Езеро.

Судскиот совет кој одлучил да им се укинат притворите и да им бидат определени превентивни мерки на обвинетите, бил составен од претседателот на Судот, Јово Вангеловски, судиите Џемаили Саити, Фаик Арслани, Шпенд Деваја и Рахилка Стојковска.

„Со оглед дека пресудите се укинати, Врховниот суд најде дека со  други превентивни  мерки ќе се  обезбеди присуство на обвинетите во текот на постапката. Поради тоа, судот одлучи овие обвинети да се пуштат на слобода веднаш,  а им ги определи  другите  превентивни мерки со кои се обезбедува присуство на обвинетите и тоа: забрана за напуштање на живеалиштето, односно престојувалиштето, при што на обвинетите им се забранува да ја напуштаат територијата на град Скопје. Обвинетите повремено да се јавуваат на службено лице кое ќе го определи Основниот суд Скопје I Скопје и тоа за секој работен вторник и петок во период помеѓу 12,00 и 14,00 часот“, се вели во образложението на пресудата.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top