| четврток, 6 декември 2018 |

ОЈО молчи по признанието на Заев дека по негов налог со брусилка е избришано „бугарски“ од споменикот на Мучето

Сквернавењето на македонските споменици почнува да добива на интензитет. Во поречкото село Манастирец уништена е спомен–плочата на манастирот „Света Богородица“, поставена во чест на сто трите локални жители кои биле ѕверски убиени од бугарската војска во Првата светска војна. Видливо е дека е искршен токму делот што го содржи терминот „бугарски“.

Останува отворено прашањето дали и ова незаконско дело е поврзано со спорниот Договор за добрососедство со Бугарија, кој симболично, ден пред Илинден годинава го потпишаа Заев и Борисов.

Според историчарите, настанот се случил на Бадник, на 6 јануари 1916, а убиените биле интелектуалци, свештеници и локални кметови, кои биле обвинети дека се србомани.

Инаку, процесот на уништување на културното наследство и фалсификувањето на историјата е почнато неколку години пред Договорот.

Прв акт на фалсификувањето на македонската историја и вовед во точките од Договорот беше сквернавењето на споменикот на народниот херој Благој Јанков – Мучето во Стумица. Од спомен–плочата со брускабеше отстранета придавката „бугарски“ како опис за куршумот кој го убил херојот. Нарачател на ваквиот акт бил токму Заев, кој ја дал наредбата да се отстрани зборот во својство на градоначалник на Струмица. Тој ова самиот го призна во интервјуто за бугарската БТВ на 17-ти минатиот месец.

Благој Јанков, прва жртва на договорот со Бугарија: Сквернавен и цензуриран споменот за херојот Мучето

Како е донесена одлуката за промената на содржината не е јасно, но дозвола за тоа може да даде единствено Собранието на Република Македонија, авторот и фирмата која го изградила.

Член 16 од Законот за меморијалните споменици и спомен обележјата

На изграден меморијален споменик или во негова непосредна околина не можат да се преземаат дејствија со кои може да се наруши интегритетот на меморијалниот споменик без согласност на Собранието на Република Македонија, на авторот и на правното лице од членот 8 став 2 алинеја 2 на овој закон… Со одлука, Собранието на Република Македонија го уредува начинот за давање согласност за вршење измени на подигнат меморијален споменик.

Доколку Заев како нарачател на промената не го известил Собранието, односно самостојно одлучил да ја промени содржината на споменикот – актот претставува сквернавење.

Сепак, од Основното Јавно Обвинителство не само што не ги процесираат ваквите дела, за кои законот предвидува казна затвор до 3 години, туку целосно ги игнорираат. Алфа уште во петокот побара одговор од обвинителството дали има покренато постапка против Заев за сквернавење споменици, но од таму се уште молчат.

Благоја Јанков Мучето на 14-ти јули бил предаден на бугарската фашистичка полиција, по што бил опколен и брутално убиен кога се обидел да го пробие обрачот. Потоа, бугарските фашисти му го влечеле телото по струмичките улици и одбивале да го предадат на семејството.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top