| четврток, 6 декември 2018 |

Милошоски: Во овој политички прогон затворени се луѓе кои искажале љубов кон татковината

Од ова место сакам да им порачам на сите оние кои што неправедно затворени во овој политички прогон, љубовта кон татковината не е кривично дело, да живее Република Македонија и сите кои што и 2001 и 1991 и 1945 година покажале патриотизам за Република Македонија, ова вечерва на протестот организиран од ВМРО-ДПМНЕ пред Министерството за правда го истакна Антонио Милошоски.

-Ова се случува поради неколку причини, сегашната власт не е дојдена на таа позиција каде што е денес за да донесе 100 илјади денари плата за лекарите, тие знаат дека таа лага не можат да ја исполнат, сегашниот премиер не е на тоа место за да направи повраток на ДДВ, тој знае дека таа лага не може да ја исполни, тие знаат дека ветувањето кон учителите, пензионерите и земјоделците не можат да ги исполнат и дека економски немаат никаков план, економијата има се послаби резултати и за да ја покријат својата неспособност апсат и прават селективна правда, нарачани пресуди, потенцира Милошоски.

Тој додава дека тие што верувале во подобро здравство, повисока плата и чист воздух, кога ќе видат дека се изневерени нивните очекувања сегашната марионетска влада ќе ги покрива своите неспособности со нарачан политички прогон и политички пресуди.

-Сите сме свесни дека ова што се случува во Македонија е селективна правда која  е еднаква на неправда. Неправдата ќе роди други неправди, реваншизмот ќе роди друг реваншизам, незадоволството ќе роди нови поделби и нови тензии и тоа на некого му одговара, Македонија да живее во тензии, неслога и разор за да може некој во меѓувреме да ја сокрива својата неспособност за да ги испорача проектите кои што ги ветил пред избори, а свесно знаел дека лаже, вели Милошоски.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top