Поранешниот министер за здравство, Никола Тодоров, во вестите на Канал 5 изјави дека паралелниот увоз го вулгаризираат истите оние на кои не им одговараше неговото воведување бидејќи претходно заработувале огромни суми пари.
Тодоров истакна дека не постои паралелен увоз на лекови, туку дека е разбиен монополот на увоз од кој компаниите-увознички имале милионски профит.
–Со воведување на паралелниот увоз ние овозможивме да се разбие монополот и да се овозможи конкуренција, односно да се нудат лекови од странски земји по пониска цена. Преку 20 милиони евра се заштедија во Министерството за здравство со воведување на оваа мерка, а тоа е мерка што се применува секаде во Европската унија, појасни Тодоров.
Тодоров потенцира дека со паралелен увоз може да се увезе само лек кој има одобрение за ставање во промет и се наоѓа во употреба во земја членка на ЕУ, како и дека се контролира секоја серија на лек што се увезува, па дури потоа се пушта во промет.
-Црна кампања се наводите дека лековите набавени по пониски цени не биле лабораториски испитани. Сакаат да го укинат паралелниот увоз за да си ги полнат џебовите, рече Тодоров.
Тодоров се изјасни и во врска со информациите дека тој ќе се кандидира за лидер на партијата ВМРО-ДПМНЕ.
-Досега не сум донел преземал таква активност, ниту пак сум донел таква одлука, ниту пак преземам такви активности – рече тој
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Последни
-
Сензационално: Северина се разведува од Игор, поради познатата водителка!
-
Фатална сообраќајка кај Струмица: Со „Корса“ излетал од патот, загинал на лице место
-
Шон Пен во Истанбул: Ќе снима документарец за убиениот новинар Џамал Кашоги (видео)
-
Димитров: Зборовите „нација со комплекс“ се извадени од контекст