По два месеца од убиството на Дафне Каурана Галиција, малтешката полиција уапси осум лица, осомничени за атентатот на новинарката. Премиерот на Малта, Џозеф Мускат, лично информираше за полициската акција и вети целосно расветлување на случајот, во кој познатата новинарка беше ликвидирана со бомба во нејзиниот автомобил.
Мускат не откри детали за тоа на кој начин биле уапсени осомничените или за тоа какви докази биле пронајдени кај нив.
Никакви информации не добило ниту семејството на Галиција, кое изрази сомнеж за непристрасноста на полицијата во истрагата. По убиството, синот на познатата новинарка, ја обвини, како што рече „мафијашката држава“, посебно посочувајќи го премиерот Мускат и неговата сопруга, кои Галиција ги обвинуваше за корупција.
Галиција пред два месеца, загина во експлозија во нејзиниот автомобил, неколку минути откако ја напушти својата куќа во околината на Моста. Таа беше позната новинарка која работеше истражувачки приказни и во Малта прва ја објави веста за „Документите од Панама“ и беше жесток критичар на власта.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Последни
-
Сензационално: Северина се разведува од Игор, поради познатата водителка!
-
Фатална сообраќајка кај Струмица: Со „Корса“ излетал од патот, загинал на лице место
-
Шон Пен во Истанбул: Ќе снима документарец за убиениот новинар Џамал Кашоги (видео)
-
Димитров: Зборовите „нација со комплекс“ се извадени од контекст