Сериозно е доведен во прашање демократскиот статус на Република Македонија како демократска држава. Судството под контрола на СДСМ врши силен и досега невиден политички прогон на луѓе кои не размислуваат како моменталната власт. Македонија стана единствена држава во која во затвор обвинети за тероризам лежат луѓе кои протестираа за заштита на Уставот на државата додека на слобода шетаат убијци на деца, како обвинетите од „Монструм“.
Врховниот суд донесе одлука за укинување на пресудите за обвинетите од случајот „Монструм“, кои имаа пресуди за трагедијата кај Смилковско, а тие во повторениот судски случај да се бранат од слобода.
Меѓу оние кои се дел од политичкиот прогон, со кој сериозно се загрозува демократијата во Македонија е еден од најдобрите оперски пејачи Игор Дурловски, доајенот на македонското глумиште Владо Јовановски, поранешниот министер за внатрешни работи и директор на БЈБ, Митко Чавков.
Тие се обвинети за тероризам бидејќи влегоа во Собранието да го одбранат Уставот на државата, кој токму таму беше прекршен со неуставниот избор на Талат Џафери за претседател на Собранието. Оние кои ги товарат за тероризам во Собранието на 27 април влегоа од патриотски побуди. Тој ден во македонското Собрание се пееше албанската химна, а веднаш потоа Талат Џафери беше на нелегитимен начин прогласен за втор човек во државата.
Токму ова рушење на демократијата и удар на се она што ги брани националните интереси на Македонија беше и причина повеќе од 10.000 луѓе да излезат вчера на протест против власта предводена од СДСМ.
Лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Никола Груевски, на протестот рече дека ВМРО-ДПМНЕ предложиле Закон за амнестија на учесниците од инцидентот од 27 април и почеток на периодот на национално помирување.
–Владо Јовановски, Игор Дурловски, Борис Дамовски, Богдан Илиевски, Митко Чавков, неговите колеги и многу други граѓани НЕ се терористи. НЕ се терористи. Тоа е лажно обвинување. Шесте пратеници на ВМРО-ДПМНЕ и Коалицијата НЕ се терористи. Тоа е лажно обвинување, тоа е неправда. Тие само беа на своето работно место во Парламентот и никого ниту убија, ниту повредија. Бараме слобода за патриотите. Бараме слобода за неправедно притворените. Потребно е национално помирување, потребно е да се запре со неправдите, да запрат политичките прогони. Да запрат хајките и местенките, притисоците и заплашувањата. Да запрат неправдите во Македонија, порача Груевски.
Неправдата, како што кажа Груевски, се чувствува на секој чекор, а селективната правда е исто така неправда и создава револт.
–Зборуваат за правда, а неправда на секој чекор. Заробената држава ја крши храброста на луѓето, а стравот станува секојдневие. Луѓето се исплашени, уценети, го потиснуваат своето мислење, затоа што во Македонија почнува да се казнува слободната мисла, а на љубовта кон татковината се гледа како грев за кој почна да се оди и во затвор. Животот никаде го нема, а неправдата и прогонот стануваат име и презиме во секоја област.
Пред граѓаните на вчерашниот протест се обрати и Зорица Чавкова, ќерката на притворениот Митко Чавков, која директно на своја кожа го чувствува политичкиот прогон и недемократското владеење на власта предводена од СДСМ.
Таа кажа дека во истражниот затвор се сретнала со мајката на Борис Дамовски. И била сведок како таа била брутално бркана и не и дозволувале да му ги достави на својот син најпотребните работи. Како што вели експертската јавност ова е само уште еден доказ за политичкиот прогон и недемократското владеење на власта на СДСМ.
И од ВМРО-ДПМНЕ денеска регаираа дека Република Македонија е заробена држава и дека со неа владее хунта.
„Закани, уцени, казни и цензура се одликите хунтата која ја има заробено државата. Хунтата владее со ширење на страв и закани со казни. Актер е во затвор само затоа што си ја сака земјата, а другите актери кои го поддржаа се парично казнети. Директорот на МНТ им се закани со казна на сите актери кои во знак на солидарност не ја одиграа претставата „Ничија земја“ како поддршка на приведениот актер Владо Јовановски од страна на хунтата. Закана врз актери кои изразиле чин на сочувство со свој колега се незабележани во Европа, ниту на било кое друго место во демократскиот свет. Заканите врз актерите се одлика на хунти и фашистички режими“, стои во соопштението на ВМРО-ДПМНЕ и се додава:
„Лудилото на хунтата на власт не познава граници. Власта се пресметува со секој искрен патриот. Власта се пресметува со секој Македонец кој излезе и кажа не на Тиранската платформа. Известувањето испратено од Министерството за култура до сите национални установи под негова контрола во кое им се наредува да ги избркаат од работа сите вработени, кои на било кој начин учествувале во протестите на „За заедничка Македонија“ е преседан за една европска земја“.
Хунтата на власт, потенцираат од партијата, сака да влее страв кај граѓаните, за никој да не се осмели во иднина да излезе на протест против нејзините штетни политики.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Сензационално: Северина се разведува од Игор, поради познатата водителка!
-
Фатална сообраќајка кај Струмица: Со „Корса“ излетал од патот, загинал на лице место
-
Шон Пен во Истанбул: Ќе снима документарец за убиениот новинар Џамал Кашоги (видео)
-
Димитров: Зборовите „нација со комплекс“ се извадени од контекст