| четврток, 6 декември 2018 |

Криминалците на слобода, патриотите во затвор – Судовите под притисок да судат политички

СДСМ ја замолкна правдата во Македонија. Судовите и судиите под притисок од партијата на власт судат политички и под партиска директива.

Терористи, тешки криминалци, убијци, разбојници и крадци се на слобода, а во затвор се наоѓаат невини луѓе и патриоти.

Апелацискиот суд неодамна целосно се стави во политичка функција и наместо на страна на правдата, прифати да биде на страна политиката која бара пресметка со сите неистомисленици на власта.

Под притисок Апелација неодамна прифати незаконски следените комуникации во неколку предмети на СЈО да бидат докази, со што човековите права, меѓународните норми и домашните закони се множат со нула. Апелацискиот суд, како и се друго е под огромен политички притисок да испорача тоа што го најавуваше Зоран Заев уште во кампањата што ја водеше пред парламентарните избори.

Заев јасно им кажа на судиите дека „притвори мора да има и ќе има“. Им оставија простор на судиите да изберат помеѓу сопствениот интегритет и делењето на правда врз основа на закон и реализирањето на нарачките од Заев и центрите на моќ, од друга страна. Затоа во меѓувреме и беа најавувани списоци на неподобни судии кои немало да бидат реизбрани бидејќи се неподобни за новата власт.

Адвокатот Еленко Миланов предупреди дека според Законот за кривична постапка, нелегално создадени докази не можат да бидат користени во ниту една судска постапка.

 

Миланов: СЈО прави огромни пропусти со обвинителните акти

Во меѓувреме на Заев не му се суди за поткуп иако на очиглед на целата јавност излегоа несоборливи докази дека го прави тоа.

 

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top