| четврток, 6 декември 2018 |

Судот го прими известувањето од Собранието за симнувањето на имунитетот на пратениците

Основниот суд Скопје 1 – Скопје денеска потврди дека до нив пристигнало известувањето за симнувањето на имунитетот на шестмината пратеници од Собранието на Република Македонија.

– Известувањето е доставено на надлежните судии на претходна постапка, со што се создадени услови да се постапува во предлогот на обвинителството. Судиите на претходна постапка кои постапуваат по предлогот ги известуваат странките во конкретната постапка кога ќе бидат повикани да се произнесат во однос на предлогот, а по донесено решение од страна на судиите, јавноста ќе биде навремено известена, информираат од Судот за МИА.

Од Судот не соопштуваат дали пратениците се повикани утре да се произнесат, како што објавуваат дел од медиумите.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top