| четврток, 6 декември 2018 |

Mакедонката Нина го најде својот вистински татко во Австралија

Американката Нина Круз е родена во Македонија, но на осуммесечна возраст била посвоена од македонско-американска двојка.

По неколку децении, младата Македонка тргнала во потрага по своите биолошки родители, па ДНК тест за утврдување потеклото ја однел во Сиднеј, каде што првпат го сретнала својот вистински татко Петре Цуцулоски, нејзината полусестра и цело едно ново семејство.

Нивната прва средба била на аеродромот во Сиднеј.

– Искуството беше навистина неверојатно. Еден од оние моменти кога сонот станува јаве. Не ми се веруваше, но си реков – ајде да го сториме тоа!, изјави Нина за локалните медиуми.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top