Али Абдула Салех, поранешниот претседател на Јемен, кој владееше со земјата 25 години е убиен во главниот град Сана, објавија хутските бунтовници. Тој имаше клучна улога во актуелната граѓанска војна.
Телевизијата „Масира“ ја објави веста за смртта на Салех прикажајќи снимки со неговото тело чија смрт беше потврдена и од официјални лица од неговата партија. Тој, наводно, бил разнесен заедно со куќата во којашто престојувал.
Приврзаниците на Салех се бореа заедно со хутските бунтовници во двегодишната војна против силите на сегашниот претседател Абдрабу Мансур Хади, кого го поддржува Саудиска Арабија.
Салех неочекувано направи голем пресврт минатата недела, кога го поддржа Хади, со цел неговата коалиција да прекине со нападите и со блокадата на државата, што предизвика хуманитарна катастрофа, во којашто 20 милиони луѓе останаа без храна и лекови.
Во војната во Јемен досега загинаа 8.670 луѓе.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Последни
-
Сензационално: Северина се разведува од Игор, поради познатата водителка!
-
Фатална сообраќајка кај Струмица: Со „Корса“ излетал од патот, загинал на лице место
-
Шон Пен во Истанбул: Ќе снима документарец за убиениот новинар Џамал Кашоги (видео)
-
Димитров: Зборовите „нација со комплекс“ се извадени од контекст