| четврток, 6 декември 2018 |

Ветеранот на светската хаус, техно и електро сцена Делта Функтионен гостува на Фестивалот Десонанц

Истакнатиот ветеран на светската хаус, техно и електро сцена, Делта Функтионен од Берлин, в четврток (седми декември) ќе настапи во МКЦ како дел од клубската програма на деветтото издание на фестивалот „Десонанц“  во соработка со фестивалот „Таксират“.
Сетовите на Делта Функтионен се легендарни во својата техничка софистицираност и прецизност како и сировата креативна енергија која го движи подиумот низ неговите препознатливо долги сетови. Оваа година Делта Функтионен со неговите настапи ги запали берлинските „Трезор“ и „Бергхајн“ ја започна својата резиденција во Шелтер Амстеардам и приреди незаборавна журка во клубот „Епицентар“ во Скопје.
За своите сетови, Делта Функтионен вели дека раскажува приказна која не води низ непознати градови од иднината исполнета со широка палета на бои и емоции, но и чувство на слобода и забава. Неговата музика е подеднакво технички прецизно изведена и раскошно имагинативна, а дискографијата му брои три албуми и бесконечна низа на плочи.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top