На пролет, принцот Вилијам и Кејт Мидлтон го очекуваат своето трето дете. Меѓутоа сите не се радуваат поради тоа во Велика Британија.
Причината е тоа што по актулениот закон, жените во Велика Британија не примаат никаков детски додаток за своето трето дете, што не важи за децата родени пред 6 април 2017 година. Исто така, родителите кои имаат повеќе од две деца, нема да можат да аплицираат за стипендија за нивно школување.
Сето тоа се случува поради законот за ограничување на две деца кој е на сила. Постојат и исклучоци, кои се однесуваат на усвоени деца како и случаи кога се раѓаат близнаци.
Исто така законот не се однесува на децата родени во кралското семејство. Децата на Кејт и вилијам се издржуваат од парите на даночните обврзници и токму тоа е причината која го предизвика гневот поради третата бременост на Кејт.
-Да е Кејт сиромашна, не би имала повластици за трето дете – е еден од коментарите на Твитер.
Поради ова некои предлагаат и референдум за укинување на монархијата.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Принцезите на воена нога: Како лошите односи на Кејт и Меган од џебот на Британците ќе извадат пет милиони фунти
-
Кејт Мидлтон се расплакала поради Меган: Исплива највалканата тајна од кралската венчавка!
-
Ги закрви браќата: Вилијам поради Меган се скара со братот!
-
Социјалните мрежи горат: Една реченица го откри односот меѓу Кејт и принцот Вилијам!